СО ПЕТ СТРАНСКИ ФУДБАЛЕРКИ, ЉУБОТЕН-ТЕТОВО ЌЕ ЈА БРКА ЧЕТВРТАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА

    СО ПЕТ СТРАНСКИ ФУДБАЛЕРКИ, ЉУБОТЕН-ТЕТОВО ЌЕ ЈА БРКА ЧЕТВРТАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА Мариан Охадиве од Нигерија која досега играла во клуб во Латвија и има големо меѓународно фудбалско искуство. (Фото: ЖФК Љуботен)

    Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово и претстојната полусезона е со големи амбиции повторно, по четврти пат да биде шампион во женската фудбалска лига на Македонија, а исто така да го освои и третиот пехарот во куп-натпреварите. За таа цел, ангажира 5 странски фудбалерки, од Црна Гора, Хрватска, Русија и САД, а последното засилување доаѓа со Мариан Охадиве од Нигерија, фудбалерката која досега играла во клуб во Латвија и има големо меѓународно фудбалско искуство.

    „Нигериската интернационалка е нашето најново и последно засилување, Мариан ни доаѓа од РСФ Вомен Латвија, клуб со кој има настапи во Лигата на шампионите и со претходно искуство во Турската супер лига. Со Мариан добиваме уште поголема убоитост во нападот и со сигурност може да помогне како технички, тактички и за агресивност на сите позиции, подготвена е за предизвиците кои ни следат во претстојната полусезона и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот и тимот за претстојниот дерби натпревар, а се надеваме заедно до одбрана на титулата“, велат од Љуботен-Тетово.

    Покрај Нигеријката, во Љуботен заедно со домашните фудбалерки ќе настапат и интернационалките Тања Малесија од Црна Гора, која досега играла за руската екипа Динамо од Москва, голманката Лаура Фикет од Хрватска, која досега играла за Медик Конин од Полска, Екатерина Фролова е Русинка која настапувала за Зорка БДС од Белорусија, и Американката Мариса Васкез која доаѓа од женскиот фудбалски клуб Најтхокс од Сан Франциско и има големо искуство во колеџ натпреварувањата во САД.

    Љуботен 16 март го пречекува тимот на Тиверија Брера што е дерби на 17. коло, со оглед дека гостите се на првата позиција со еден бод повеќе од тетовската екипа.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира