СОСТОЈБАТА НА ЕРИКСЕН Е СТАБИЛНА, ГИ ПОЗДРАВУВА СОИГРАЧИТЕ

    СОСТОЈБАТА НА ЕРИКСЕН Е СТАБИЛНА, ГИ ПОЗДРАВУВА СОИГРАЧИТЕЕриксен беше изнесен од стадионот во свесна состојба откако му се слоши на крајот од првото полувреме. (Фото: Скај Спортс)

    Кристијан Ериксен останува во стабилна состојба и испраќа поздрави до своите соиграчи од данската репрезентација, соопшти Данската фудбалска федерација денеска, откако вчера 29-годишниот фудбалер колабираше за време на натпреварот против Финска на Европското првенство.

    Данскиот фудбалер беше итно реанимиран на теренот, а натпреварот во Копенхаген беше прекинат. Ериксен се лекува во „Ригхоспиталет“, една од најдобрите болници во Данска, која се наоѓа блиску до стадионот „Паркен“.

    „Утринава зборувавме со Кристијан Ериксен, кој испраќа поздрави до своите соиграчи. Неговата состојба е стабилна и тој ќе остане во болница за понатамошни испитувања“, твитна Данската фудбалска федерација.

    Данската репрезентација ги откажа сите медиумски активности денескa и исто така го откажа тренингот. Натпреварот Данска-Финска продолжи синоќа по неколкучасовен прекин и на крајот Финска победи со 1:0.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира