СРБИН ПРВПАТ ЌЕ ЗАИГРА ЗА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОСОВО

    СРБИН ПРВПАТ ЌЕ ЗАИГРА ЗА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОСОВОИлија Ивиќ неодамна го потпиша својот прв професионален договор со косовскиот тим Фљамуртари (Фото: Твитер)

    Седумаесетгодишниот Илија Ивиќ е првиот Србин кој ќе игра за фудбалската репрезентација на Косово, откако ја прифатил понудата на тамошниот фудбалски сојуз.

    По потекло од Грачаница, град во кој српското население е мнозинство, Ивиќ ќе заигра за младата селекција на Косово (до 19 години).

    „Како селектор, мене не ме интересира ничија националност или вера. Илија е еден од поголемите таленти. Тој е многу висок и интелигентен играч, на кого сметаме на долги патеки“, изјави селекторот Рамиз Красниќи.

    Ивиќ неодамна го потпиша својот прв професионален договор со Фљамуртари, тим кој се натпреварува во косовската Суперлига.

    „Три години сум дел од Фљамуртари и тука се чувствувам како дома. Сите добро ме прифатија“, изјави Ивиќ, кој настапува како бек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира