СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

    СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСПозитивниот тест на Стоилов следува само седум дена откако доби син

    Капитенот на европскиот ракометен првак Вардар, Стојанче Стоилов, е позитивен на коронавирус, потврдија од клубот. Тој се тестирал откако се почувствувал лошо по вчерашниот тренинг, па наредните 14 дена ќе ги помине во изолација.

    Поради ова, и останатите играчи на Вардар ќе бидат тестирани, но Стоилов секако нема да биде на располагање за завршницата од регионалната СЕХА лига, од која првиот меч го играат на 29 август против Нексе.

    Позитивниот тест на Стоилов следува само седум дена откако доби син.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира