СТРЕЛАЧОТ БОРЈАН БРАНКОВСКИ ДОБИ ВАЈЛД КАРТА ЗА УЧЕСТВО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО

    СТРЕЛАЧОТ БОРЈАН БРАНКОВСКИ ДОБИ ВАЈЛД КАРТА ЗА УЧЕСТВО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО24-годишниот Борјан Бранковски, член на клубот „Стрелец“ од Скопје, ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. (Фото: Стрелачка федерација)

    Македонија го доби третиот учесник на Летните Олимписки игри во Токио, летово, објави Македонскиот олимписки комитет. Тоа е скопјанецот Борјан Бранковски, член на клубот „Стрелец“ од Скопје, кој ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Натпреварот во кој тој ќе учествува е на програмата на Олимписките игри на 24 Јули.

    Бранковски (24) доби вајлд карта за учество од страна на МОК, по завршеното Европско првенство во стрелаштво, кое минатата седмица се одржа во Осијек, Хрватска. Изборот да се најде на листата на патници за Токио, бил како најдоброрангиран македонски стрелец, според постигнатите резултати.

    Претходно со обезбедена виза според пласман имаат Дејан Георгиевски – таеквондо и борачот Могамедгаџи Нуров. Спортската јавност ја очекува и разврската од квалификациите во карате, кој ќе се одржи во Париз, од 11 до 13 јуни, а Емил Павлов брка учество на ОИ во Токио. Летните Олимписки игри треба да се одржат од 23 јули до 8 август годинава.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира