ТЕКВОНДИСТОТ ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ЗЛАТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО, ФИНАЛЕТО Е ВО 14:45 ЧАСОТ

    ТЕКВОНДИСТОТ ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ЗЛАТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО, ФИНАЛЕТО Е ВО 14:45 ЧАСОТГеоргиевски во финалето ќе се бори против Русинот Владислав Ларин

    Теквондистот Дејан Георгиевски ќе се бори за златото во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио, со што Македонија го обезбеди првиот олимписки медал по пауза од 21 година. Во финалето, што е на програмата од 14:45 часот, тој ќе се бори против Русинот Владислав Ларин.

    Во полуфиналето, Георгиевски ја забележа својата најубедлива победа во досегашниот дел од турнирот, совладувајќи го Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.

    На патот до полуфиналето, Георгиевски ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8 и репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4.

    Дваесет и двегодишниот Георгиевски е еден од двајцата македонски спортисти кои со норма се пласираа на Олимписките игри во Токио, покрај борачот Магомедгаџи Нуров.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира