Кошаркарската ѕвезда Леброн Џејс кажа дека одењето во Белата куќа било голема чест сѐ додека не се појавил Доналд Трамп и го нарече американскиот претседател „уличар“ поради тоа што го кажа на Твитер за неговиот колега Стеф Кари. Трамп рече дека ја повлекува поканата за Голден Стејт вориорс откако најдобриот играч Стеф Кари кажа дека не сака да присуствува на приемот во Белата куќа.
„Уличар еден. Стеф Кари веќе кажа дека не доаѓа! Затоа и не можеш да го поканиш. Одењето во Белата куќа беше голема чест сѐ додека не се појави ти“, напиша кошаркарот на Кливленд на Твитер.
Белата куќа традиционално организира прием за шампионот во НБА лигата, а годинава тоа е Голден Стеј вориорс. Бекот на Вориорс, Стеф Кари кажа дека неговиот тим може да инспирира промена со тоа што ќе ја одбие поканата за приемот кај претседателот.
„Не сакам да одам. Не мислам дека нашето неодење во Белата куќа магично ќе направи работите да се подобрат, но ова е мојата можност да изразам незадоволство“, кажа претходно Кари, двократен МВП на НБА лигата.
Трамп одговори со твит дека поканата за Голден Стејт е повлечена.