ТРАМП Е СРЕЌЕН ШТО ОДАМ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА, ВЕЛИ ДЕНИС РОДМАН

    ТРАМП Е СРЕЌЕН ШТО ОДАМ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА, ВЕЛИ ДЕНИС РОДМАНПоранешниот кошаркар на Чикаго булс Денис Родман на меѓународниот аеродром во Пекинг, Кина, пред да одлета за Пјонгјанг, Северна Кореја. (Фото: АП)

    Поранешниот НБА кошаркар Денис Родман кажа дека „само се обидува да отвори врата“ со одењето во Северна Кореја во неговата прва посета откако Доналд Трамп стана американски претседател. Родман, кој веќе неколку пати беше во земјата, носеше црна маичка со реклама за криптовалута за марихуана додека одеше на проверка на аеродромот во Пекинг, од каде што ќе лета за севернокорејскиот главен град Пјонгјанг.

    Прашан дали зборувал со Трамп за патувањето, тој одговори: „Па, убеден сум дека тој е доста среќен со фактот што јас одам таму во обид да постигнам нешто што на двајцата ни е потребно“.
    Родман доби свечен пречек на претходните четири патувања во Северна Кореја, но беше критикуван за посетата за време на подигнати тензии меѓу Вашингтон и Пјонгјанг околу нуклеарната програма на Северна Кореја.

    Родман рече дека прашањето за неколкумина Американци во моментов приведени во Северна Кореја нема да биде предмет на неговата посета.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира