ТРАМП ПОТВРДИ ДЕКА ПОБАРАЛ ОД ФИФА ДА ЈА ПРЕИСПИТА СУСПЕНЗИЈАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ФУДБАЛЕР БАЛОГАН

    ТРАМП ПОТВРДИ ДЕКА ПОБАРАЛ ОД ФИФА ДА ЈА ПРЕИСПИТА СУСПЕНЗИЈАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ ФУДБАЛЕР БАЛОГАНТрамп оцени дека прекршокот на Балоган не бил за црвен картон (Фото: АП)

    Доналд Трамп потврди дека побарал од ФИФА да ја преиспита суспензијата од еден меч за американскиот репрезентативец Фоларин Балоган. Тој кажа дека ФИФА донела вистинска одлука со одложувањето на казнувањето на Балоган зашто ќе имаше голема дамка врз Светското првенство доколку се спроведеше.

    Американските медиуми објавија дека Трамп во четвртокот му се јавил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и дека разговарале за суспензијата.

    Побарав од ФИФА да ја преиспита одлуката бидејќи сметав дека тоа не беше прекршок, но не му кажав на Инфантино дека мора да ја суспендира казната на Балоган. Мислам дека двајца одлични спортисти се судрија еден со друг и се заплеткаа. Мислам дека суспензијата ќе оставеше голема дамка. Не можам да им кажам што да прават. Не верувам дека тие ја донеле одлуката, верувам дека комисијата ја донесе. И тоа беше правилна одлука“, кажа Трамп.

    Најдобриот стрелец на САД на Мундијалот доби директен црвен картон за груб старт на претходниот меч со Босна и Херцеговина, поради што се очекуваше да го пропушти осминафиналниот натпревар со Белгија, кој се игра ноќва. Сепак, ФИФА изненадувачки му ја одложи суспензијата на 12 месеци, повикувајќи се на Член 27 од својот дисциплински правилник, кој го дозволува тоа. Овој член никогаш претходно не бил активиран на СП.

    Меѓу оние кои ја осудија одлуката на ФИФА е и УЕФА, која кажа дека „таа го загрозува интегритетот на спортот и го поткопува кредибилитетот на натпреварувањето“.

    Белгиската фудбалска асоцијација (РБФА) соопшти дека сè уште не добила никаква одлука или објаснување од ФИФА во врска со Балоган.

    Иако само баравме легитимни објаснувања, самата ФИФА поднесе жалба и веднаш се погрижи таа да биде прогласена за недозволена“, соопшти РБФА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира