ТРКАЧИ ОД 20 ЗЕМЈИ НА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА МАРАТОНОТ ВОДНО-МАТКА

    ТРКАЧИ ОД 20 ЗЕМЈИ НА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА МАРАТОНОТ ВОДНО-МАТКАГодинава се очекуваат подобри временски услови од лани (Фото: водноматка.мк)

    Повеќе од 400 тркачи од 20 држави се пријавени за второто издание на маратонот Водно-Матка, што ќе се одржи в недела.

    Настанот „Водно-Матка треил“ ќе се состои од две трки. Маратонот (42 километри) стартува во осум часот, при што има вкупно искачување од 3.100 метри. Должината на полумаратонската трка, која почнува во девет часот, изнесува 26 километри и опфаќа искачување од 1.650 метри. Стартот на двете трки е кај полициската станица во населбата Водно, а потоа се поминува од некои од најпознатите точки во овој предел. Предвидено е целиот настан да трае од осум до 19 часот.

    Крајниот рок за пријавување е 30 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира