ВАУЧЕРИТЕ ЗА ВАРДАР ВО ЛИГА ЕВРОПА ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ЗАМЕНАТ СО КАРТИ И ИДНАТА НЕДЕЛА

    ВАУЧЕРИТЕ ЗА ВАРДАР ВО ЛИГА ЕВРОПА ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ЗАМЕНАТ СО КАРТИ И ИДНАТА НЕДЕЛАОд клубот велат дека ваучерите мора да бидат заменети карти и дека влез со ваучери нема да биде дозволен. - Навивачи на Вардар на натпреварот со Зенит на дебито во Лига Европа (Фото: СДК.МК)

    Замената на ваучерите со електронски карти за натпреварите на фудбалскиот клуб Вардар во Лига Европа ќе се одвива и во текот на идната недела, соопшти клубот.

    Овој потег е по барање на  навивачите од другите градови кои не успеале досега да ги заменат ваучерите затоа што мора да дојдат до Скопје.

    Од клубот велат дека ваучерите мора да бидат заменети карти и дека влез со ваучери нема да биде дозволен.

    Замената ќе трае до 8 октомври во просториите на фудбалската Академија на ФК Вардар позади источната трибина на Градскиот стадион во Скопје, секој ден од 10 до 18 часот.

    Фудбалскиот клуб информира и дека во тек е и продажбата на единечни билети за натпреварите со Реал Сосиедад и со Розенборг.

    „Менувањето на ваучерите со електронски карти не може да се случи на денот на натпреварот бидејќи според правилата на УЕФА на ден на натпревар не смее да се продаваат билети“, велат од клубот.

    Фудбалерите на Вардар за три недели односно на 19 октомври на домашен терен ќе го игра третиот натпревар во Лига Европа против шпанскиот клуб Реал Сосиедад. Во првите два натпревари Вардар беше поразен. На дебито во групната фаза на Лига Европа,на арената „Филип Втори“ загуби од Зенит со 5:0, а во четвртокот беше надигран и во Норвешка, од екипата на Розенборг, која забележа победа од 3:1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира