ВЕНЕЦУЕЛКАТА РОХАС ОСВОИ ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО ТРИСКОК, СОБОРУВАЈЌИ СВЕТСКИ РЕКОРД СТАР 26 ГОДИНИ

    ВЕНЕЦУЕЛКАТА РОХАС ОСВОИ ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО ТРИСКОК, СОБОРУВАЈЌИ СВЕТСКИ РЕКОРД СТАР 26 ГОДИНИРохас скокна 15,67 метри во последниот обид во финалето во Токио, откако претходно веќе го имаше обезбедено првото место. (Фото: Гети)

    Венецуелката Јулимар Рохас собори долготраен светски рекорд во трискок и го освои златниот медал од Олимпијадата во Токио. Рохас скокна 15,67 метри во последниот обид во финалето во Токио, откако претходно веќе го имаше обезбедено првото место.

    Претходно, светска рекордерка беше Инеса Кравец, која скокна 15,50 метри на Светското првенство во Гетеборг во 1995 година.

    Патрисија Мамона од Португалија го освои среброто со 15,01 метри, додека Шпанката Ана Пелетеиро скокна 14,87 метри, доволно за бронза.

    Во машката трка на 100 метри, златниот медал го освои Италијанецот Ламонт Марсел Џејкобс, а неговиот сонародник Џанмарко Тамбери победи во скок во височина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира