ВИМБЛДОН ОТКАЖАН ЗА ПРВПАТ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ВИМБЛДОН ОТКАЖАН ЗА ПРВПАТ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАОсвен третиот гренд слем турнир, откажана е целата сезона на трева (Фото: Гардијан)

    Тенискиот турнир Вимблдон е откажан за првпат од Втората светска војна поради пандемијата на коронавирусот.

    Тој требаше да се игра од 29 јуни до 12 јули, но денеска беше донесена одлука за откажување на целата сезона на трева. Најмалку до 13 јули, на светот нема да се игра ниеден професионален тениски меч.

    Вимблдон е последната голема спортска жртва на пандемијата откако претходно, Олимписките игри во Токио и Европското фудбалско првенство беа одложени за 12 месеци. Вториот гренд слем турнир Ролан Гарос е презакажан за периодот 20 септември-4 октомври.

    Во исто време, УЕФА ги суспендираше Лигата на шампионите и Лига Европа до следна објава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира