ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ РАН ПРИВЛЕЧЕ 1.600 ТРКАЧИ, АДРИЈАНА ПОП АРСОВА И ДАРИО ИВАНОВСКИ НАЈБРЗИ

    ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ РАН ПРИВЛЕЧЕ 1.600 ТРКАЧИ, АДРИЈАНА ПОП АРСОВА И ДАРИО ИВАНОВСКИ НАЈБРЗИСкопје ран годинава имаше двојно повеќе учесници од ланското прво издание (Фото: К. Попов)

    Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победници на второто издание на десеткилометарската трка Скопје ран, што се одржа утрово.

    Ивановски постигна време од 32 минути и четири секунди, финиширајќи 43 секунди пред второпласираниот Дејан Атанасов, додека бронзениот медал му припадна на Атанас Анчевски, со време од 33:28 минути.

    Дарио Ивановски прв мина низ целта

    Во женска конкуренција најбрза беше Адријана Поп Арсова, која ја истрча делницата за 38:28 минути, славејќи пред Милјана Ристиќ (39:06) и Биљана Кираџиева (39:59).

    Скопје ран почна како идеја да се поттикне трчањето во овој период од годината и целта несомнено ја исполни, имајќи ја предвид бројката од 1.600 учесници, што е двојно повеќе од лани.

    Најбрзите дами на Скопје ран (Фото: К. Попов)

    Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со атлетскиот клуб Работнички и Атлетската федерација.

    (Фото: К. Попов)

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари