ЗАБРАНЕТ ДРЕСОТ НА ГЕРМАНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО БРОЈОТ 44 ПОРАДИ СЛИЧНОСТА СО НАЦИСТИЧКИОТ СС-СИМБОЛ

    ЗАБРАНЕТ ДРЕСОТ НА ГЕРМАНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО БРОЈОТ 44 ПОРАДИ СЛИЧНОСТА СО НАЦИСТИЧКИОТ СС-СИМБОЛОд „Адидас“ кажаа дека бројките биле дизајнирани од Германската фудбалска федерација и нејзините партнери (Фото: Адидас)

    Адидас“ забрани фудбалските фанови да го купуваат новиот дрес на германската репрезентација со број 44, по забелешките дека неговиот дизајн наликува на симболот на нацистичката СС единица од Втората светска војна.

    Ќе ја блокираме персонализацијата на дресовите“, соопшти компанијата.

    На ваквиот симболизам прв укажа историчарот Михаел Кениг, кој кажа дека дизајнот на дресот е многу проблематичен.

    Логото на единицата СС беше дизајнирано во 1929 година. Таа е одговорна за некои од најголемите злосторства против човештвото и, меѓу другото, раководеше со концентрационите логори, во кои настрадаа милиони луѓе.

    Портпаролот на „Адидас“, Оливер Бриген, негираше дека сличноста на дресот со нацистичкиот симбол била направена намерно.

    Ние како компанија се спротивставуваме на ксенофобијата, антисемитизмот, насилството и омразата во секоја форма“, изјави Бриген.

    Од „Адидас“, кој ги прави германските дресови од 1950-тите, дополнително кажаа дека бројките биле дизајнирани од Германската фудбалска федерација и нејзините партнери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира