ЗЕЛЕН ‘РТ СТАНА НАЈМАЛАТА ДРЖАВА КОЈА СЕ ПЛАСИРАЛА ВО НОКАУТ-ФАЗА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    ЗЕЛЕН ‘РТ СТАНА НАЈМАЛАТА ДРЖАВА КОЈА СЕ ПЛАСИРАЛА ВО НОКАУТ-ФАЗА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОЗелен ‘Рт одигра нерешено со Шпанија, Уругвај и Саудиска Арабија (Фото: ДПА)

    Зелен ‘Рт стана најмалата држава која се пласирала во нокаут-фазата на светските првенства и за награда ќе игра со актуелниот шампион Аргентина во 1/16-финалето на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

    Откако одиграа 0:0 со Саудиска Арабија, играчите се собраа околу мобилен телефон на теренот за да го следат крајот на дуелот Шпанија-Уругвај. Победата на Шпанија од 1:0 значеше дека Зелен ‘Рт заврши на второто место во групата Х, за сигурен пласман во следната рунда.

    Африканската репрезентација е дебитант на светските првенства. Во тешка група прво одигра без голови со Шпанија, а потоа ремизираше и со Уругвај (2:2).

    Зелен ‘Рт има само 525.000 жители и се состои од десет острови во Атлантскиот Океан. Главната причина за успехот на „Сините ајкули“ е одлуката на Фудбалската федерација на Зелен ‘Рт да привлече играчи од дијаспората. Четиринаесетмина играчи од овој тим се родени во странство, од кои шестмина во Ротердам

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира