ЖЕНСКА СУДИСКА ЧЕТВОРКА ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА СУДЕШЕ НА МАШКИ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР

    ЖЕНСКА СУДИСКА ЧЕТВОРКА ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА СУДЕШЕ НА МАШКИ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАРГлавна судијка беше Ирена Велевачоска од Прилеп, а и помагаа трите скопјанки, Билјана Миланова, Ивана Пројковска и Елена Соклеска-Илиевска. (Фото: СДК.МК)

    Во македонскиот фудбал за првпат се случи едно фудбалско машко дерби да го суди женска судиска четворка. Тоа се случи на денешното дерби меѓу машките екипи од Втората лига Исток, Брегалница од Штип и Кит-Го од Пехчево (2:0). Главнa судијка беше Ирена Велевачоска од Прилеп, а првиот и вториот помошник покрај аут линиите и четвртиот судија кој ги регулира замените беа Билјана Миланова, Ивана Пројковска и Елена Соклеска-Илиевска.

    Велевачоска е најмладата од четирите судијки, а со својот судиски стаж во фудбалот од над десет години најискусна е Пројковска, која  има над 150 меѓународни натпревари. Таа и Велевачоска се на официјалната меѓународна листа како водечки во Европа.

    Со таков скор на делењето на фудбалската правда не можат да се пофалат многу судии мажи. Оваа женска четворка завчера се врати од Изреал, каде го судеше меѓународниот натпревар меѓу женските селекции на Изреал и Малта. Иако домаќините загубија (2:0) тие искажаа само пофални зборови за судиите.

    Пројковска лани беше главна судијка и на Европското женско финале до 19 години во Шкотска меѓу Франција и Германија (2:1). Како што вели, таа и нејзините колешки ќе настојуваат со нивното објективно судење уште посериозно да се наметнат на фудбалскиот свет и светската фудбалска федерација и веруваат дека ќе ја делат правдата на уште многу фудбалски натпревари и дома и во странство, без разлика дали ќе бидат машки или женски фудбал.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира