ЗВЕРЕВ ЈА ОСВОИ ПРВАТА ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА СО ПОБЕДАТА НА РОЛАН ГАРОС

    ЗВЕРЕВ ЈА ОСВОИ ПРВАТА ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА СО ПОБЕДАТА НА РОЛАН ГАРОСЗверев зад себе имаше три изгубени гренд слем финалиња (Фото: АП)

    Александер Зверев конечно ја круниса својата кариера со гренд слем титула откако го освои Ролан Гарос. Во денешното финале, 29-годишниот Германец го совлада десеттиот носител Флавио Коболи со 6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1, за негова вкупно 25. АТП-титула.

    Тој е првиот германски тенисер кој освоил гренд слем титула од победата на Борис Бекер на Отвореното првенство на Австралија во 1996.

    Зверев зад себе имаше три изгубени гренд слем финалиња, а сега во Париз, патот кон титулата му беше отворен по раните елиминации на Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ и неиграњето на Карлос Алкарас поради повреда. Сепак, Коболи го намачи во финалето, кое траеше повеќе од четири часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира