10 ЗАГИНАТИ И 16 ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ДЕЈТОН, НЕКОЛКУ ЧАСА ОТКАКО ЗАГИНАА 20 ВО НАПАД ВО ЕЛ ПАСО

    10 ЗАГИНАТИ И 16 ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ДЕЈТОН, НЕКОЛКУ ЧАСА ОТКАКО ЗАГИНАА 20 ВО НАПАД ВО ЕЛ ПАСОПукањето во Дејтон се случи во областа Орегон, популарна меѓу туристи и локални жители, полна со ресторани и кафулиња. (Фото: Твитер)

    Десетмина загинаа во пукање во Дејтон, Охајо, соопшти локалната полиција. Според полицијата во Дејтон, меѓу загинатите е и осомничениот напаѓач, а во инцидентот се повредени 16 лица.

    Пукањето се случи во областа Орегон, популарна меѓу туристи и локални жители, полна со ресторани и кафулиња.

    Пукањето во Дејтон се случи само неколку часа откако 20 луѓе беа убиени и уште 26 беа повредени во Ел Пасо, Тексас, каде што вооружен напаѓач почна да пука во „Волмарт“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира