12 ЛУЃЕ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО НАЈГОЛЕМИОТ СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР ВО ГРУЗИЈА, СЕ ОТРУЛЕ СО ЈАГЛЕРОД МОНОКСИД

    12 ЛУЃЕ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО НАЈГОЛЕМИОТ СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР ВО ГРУЗИЈА, СЕ ОТРУЛЕ СО ЈАГЛЕРОД МОНОКСИДГудаури е најголемиот и највисок скијачки центар во Грузија (Фото: АА)

    Дванаесетмина луѓе починале во скијачки центар во Грузија и властите кажаа дека жртвите се отруле со јаглерод моноксид. Телата на 11 странски државјани и еден Грузиец се пронајдени во спалните соби над индиски ресторан во зимскиот центар Гудаури на северот на земјата.

    Првичните тестови не открија никакви траги на насилство на телата. Се чини дека станува збор на несреќа“, соопшти полицијата.

    Се верува дека трагедијата била предизвикана од генератор кој бил ставен во просторот за спиење откако вчера снемало струја во ресторанот.

    Гудаури е најголемиот и највисок скијачки центар во Грузија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира