13-ГОДИШЕН ВОЗАЧ ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ТЕКСАС ВО КОЈА ЗАГИНАА ДЕВЕТ ЛУЃЕ

    13-ГОДИШЕН ВОЗАЧ ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ТЕКСАС ВО КОЈА ЗАГИНАА ДЕВЕТ ЛУЃЕВо несреќата загинал и младиот возач на пикапот (Фото: АП)

    Истрагата за минатонеделната страотна сообраќајна несреќа во Тексас се фокусира на откритието дека 13-годишник го возел пикапот кој удрил во комбе, при што загинаа девет луѓе, вклучувајќи шест члена на универзитетски голф клуб и нивниот тренер. Во несреќата загинале и младиот возач на пикапот и 38-годишниот маж кој патувал со него.

    Националната агенција за безбедност во сообраќајот потврди дека пикапот го возело дете, при што било утврдено дека на возилото му пукнала предна гума пред да удри во комбето.

    „Иако не е познато со која брзина возеле двете возила, несреќата очигледно се случила при голема брзина. Многумина во комбето не биле врзани, а еден од патниците излетал надвор“, изјави потпретседателот на агенцијата Брус Лендсберг.

    Според законите во Тексас, едно лице мора да има најмалку 14 години за да почне со полагање возачки испит, односно 15 за да добие привремена дозвола, со што може да вози само во присуство на возрасен.

    „Тринаесетгодишниот возач очигледно го кршел законот“, додаде Лендсберг.

    Пикапот преминал на спротивната лента од патот, по што директно удрил во комбето, чии патници, кои биле на возраст од 18 до 26 години, се враќале од голф турнир. Меѓу загинатите студенти имало еден од Португалија и еден од Мексико, а уште две лица се повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира