14 МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО ВО НОЌЕН КЛУБ ВО БРАЗИЛСКИОТ ГРАД ФОРТАЛЕЗА

    14 МРТВИ ВО ПУКАЊЕТО ВО НОЌЕН КЛУБ ВО БРАЗИЛСКИОТ ГРАД ФОРТАЛЕЗАВо нападот во ноќниот клуб „Форо до гаго“ учествувале 15 вооружени лица

    Четиринаесет лица се убиени откако вооружени напаѓачи упаднале во ноќен клуб во бразилскиот град Форталеза.

    Петнаесетмина напаѓачи дошле со три автомобили и веднаш отвориле рафален оган на забавата, на којашто имало и малолетници. Во болница се примени уште шест повредени.

    Полицијата верува дека пукањето е поврзано со ривалството помеѓу локални банди, но меѓу загинатите повеќето се случајни жртви, кои немаат врска со организиран криминал, вклучувајќи и две деца.

    Секретарот за безбедност на државата Сеара, Андре Коста, го потврди бројот на жртвите во клубот.

    „Нема простор за паника и страв. Ова е еден од оние единечни инциденти што се случуваат низ целиот свет, понекогаш и со 50-60 мртви“, кажа Коста.

    Минатата година, во Сеара имало 5.114 убиства, што е за 50% повеќе од 2016 година. Во 2015 година, во пукањето во еден ноќен клуб биле убиени 11 лица, што до тогаш бил најсмртоносниот напад.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира