15-ГОДИШНИК УБИ ТРОЈЦА И РАНИ ШЕСТМИНА ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО МИЧИГЕН

    15-ГОДИШНИК УБИ ТРОЈЦА И РАНИ ШЕСТМИНА ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО МИЧИГЕННапаѓачот бил приведен без да дава отпор (Фото: АП)

    Најмалку три лица се убиени, а шест се повредени во пукањето во средно училиште во градот Оксфорд во американската сојузна држава Мичиген. Се верува дека тројцата убиени се ученици, а меѓу ранетите е и еден професор.

    Напаѓачот е идентификуван како 15-годишник кој е втора година во училиштето. Тој бил приведен без да дава отпор пет минути по доаѓањето на полицијата, кажаа од канцеларијата на шерифот.

    „Во овој момент веруваме дека тој дејствувал сам. Напаѓачот не даваше отпор при апсењето и одби да зборува со полицајците. Мотивот засега не е познат“, изјави Мајкл Мекејб, заменик-шерифот на округот Оукленд.

    Оксфорд е заедница со 22.000 луѓе, 45 километри северно од Детроит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира