Петнаесет лица, меѓу кои и деца, се повредени во автобуска несреќа со српски патници во Унгарија, која се се случи рано утринава. Сопственикот на фирмата чиј автобус се преврте Ненад Челиќ изјавил дека во автобусот имало 55 патници и двајца возачи и сите биле од Белград и Нови Сад.
Челиќ изјавил дека 35 патници го продолжиле патувањето, додека возачот и една жена се задржани в болница, а некои од патниците се вратиле за Белград.
„Колку што ми е мене познато, нема потешко повредени, станува збор за нагмечувања и слични повреди“, изјави Челиќ.
Според унгарските медиуми, меѓу повредените има и две деца, кои се префрлени в болница. Според „Телеграф“, од 15 повредени, 13 се во болница.
До несреќата дошло откако, на 2 километра од местото Кишкухалас, автобусот преминал во спротивна насока, најверојатно за да избегне друго возило и потоа се превртел со полна брзина.