Средношколец избоде на смрт професорка по шпански јазик во училиште во француското гратче Сен-Жан-де-Луз. Локалниот обвинител Жером Бурие го потврди денешниот напад во приватното римокатоличко училиште „Тома Аквински“ и кажа дека се случил во училница.
Шеснаесетгодишниот средношколец кој го извршил нападот е уапсен. Убиената професорка била во 50-ти години и починала кога итните служби дошле на местото на настанот.
Францускиот весник „Суд уест“ објави дека напаѓачот влегол во училницата додека професорката предавала и почнал да ја боде. Други медиуми кажаа дека тој можеби страдал од ментални проблеми.