17-ГОДИШНИК МЕЃУ УАПСЕНИТЕ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ХАКЕРСКИ НАПАД ВО ИСТОРИЈАТА НА ТВИТЕР

    17-ГОДИШНИК МЕЃУ УАПСЕНИТЕ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ХАКЕРСКИ НАПАД ВО ИСТОРИЈАТА НА ТВИТЕРВо хакерскиот напад од 15 јули беше направен упад во десетици профили на јавни личности од САД, преку кои се бараа донации во биткоини (Фото: Твитер)

    Британец и двајца жители на Флорида, од кои еден малолетник, се уапсени под обвинение дека го извршиле најголемиот хакерски напад во историјата на Твитер, во кој, меѓу другите, беа погодени профилите на најбогатите луѓе на светот.

    Калифорниските власти објавија дека се покренати низа обвиненија за измама и кражба против 19-годишник од Велика Британија, 17-годишник од Тампа и 22-годишник од Орландо.

    „Криминалното хакирање направено заради забава или профит не се исплатеше“, изјави американскиот јавен обвинител Дејвид Андерсон.

    Десетици профили на јавни личности од САД беа хакирани на 15 јули и вклучени во измама со биткоини. Твит со иста порака, преку која се бараа донации во криптовалутата, се појави истовремено на верификуваните профили на Барак Обама, Бил Гејтс, Џеф Безос, Илон Маск, Ворен Бафет, Канје Вест, Ким Кардашијан, Џо Бајден и други.

    „Меѓу хакерите е и 17-годишно момче кое само што завршило средно училиште. Но, не се залажувајте, тој не е обично момче. Тоа беше високософистициран напад каков што не е виден досега“, изјави државниот обвинител на Флорида, Ендрју Ворен.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари