19 ИРАНСКИ МОРНАРИ ЗАГИНАА ВО „ПРИЈАТЕЛСКИ ОГАН“ ПРИ ТЕСТИРАЊЕ НОВ ПРОЕКТИЛ

    19 ИРАНСКИ МОРНАРИ ЗАГИНАА ВО „ПРИЈАТЕЛСКИ ОГАН“ ПРИ ТЕСТИРАЊЕ НОВ ПРОЕКТИЛТешкиот инцидент се случил во Оманскиот Залив за време на воена вежба (Фото: АП)

    Деветнаесет морнари загинаа, а 15 се повредени во „пријателски оган“ во инцидентот во кој учествуваа два ирански воена брода, потврди иранската морнарица.

    Иранските државни медиуми објавија дека тешкиот инцидент се случил во Оманскиот Залив при тестирањето на нов проектил, кога бродот „Џамаран“ погодил придружен брод.

    „Бродот ‘Конорак‘ е погоден од проектил за време на воена вежба во водите на Бандар-е Џаск. Бродот бил погоден откако ја поставил тренинг-целта на својата позиција, при што не се оддалечил доволно од целта“, објави државната телевизија.

    Иран редовно одржува воени вежби во Ормускиот Проток, тесното грло во Персискиот Залив, низ кој поминуваат 20% од светската нафта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира