21-ГОДИШНИК ОСОМНИЧЕН ЗА ПРОТЕКУВАЊЕТО НА СТОТИЦИ ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ НА ПЕНТАГОН

    21-ГОДИШНИК ОСОМНИЧЕН ЗА ПРОТЕКУВАЊЕТО НА СТОТИЦИ ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ НА ПЕНТАГОНЏек Тешеира е припадник на разузнавачкото крило на Воздухопловната гарда

    Американските власти го идентификуваа осомничениот за протекувањето на стотици доверливи воени и разузнавачки документи и тој треба денеска да биде уапсен во Масачусетс. Станува збор за 21-годишниот Џек Тешеира, припадник на разузнавачкото крило на Воздухопловната гарда во Масачусетс, а „Њујорк тајмс“ претходно објави дека вака се вика и лидерот на онлајн гејминг група, каде што беа објавувани овие документи во изминатите месеци.

    Министерството за правда отвори кривична истрага за протекувањето минатата недела, додека Пентагон ја проценува настанатата штета.

    Тешеира е дел од групата „Таг шејкер сентрал“ на онлајн платформата Дискорд, која брои околу 30 членови кои ја делат љубовта кон оружје и видеоигри и споделуваат расистички и навредливи мемиња.

    Најмалку 50, а можеби и повеќе од 100 документи биле објавени на оваа платформа, која е популарна кај гејмери. Тие содржат разни проценки и податоци за војната во Украина, но и чувствителни разузнавачки информации за други држави, вклучувајќи сојузници на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира