25 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ЦЕНТАР ЗА ЗАВИСНИЦИ ВО БАКУ

    25 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ЦЕНТАР ЗА ЗАВИСНИЦИ ВО БАКУПламенот целосно го уништи еднокатниот објект (Фото: Ројтерс)

    Најмалку 25 луѓе загинаа во пожарот што уништи центар за рехабилитација од дроги во главниот град на Азербејџан, Баку.

    ТВ-снимките покажаа голем пламен како излегува од прозорците на еднокатниот објект и полицијата соопшти дека пожарникарите не успеваат да го стават пожарот под контрола. Четири лица се превезени во болница, а 31 лице било спасено од опожарената зграда.

    Причината за пожарот не е позната, но официјални лица кажаа дека тој, најверојатно, е предизвикан од електрична инсталација.

    Местото на трагедијата го посети и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира