29-ГОДИШНИК ОД МАКЕДОНИЈА КРАДЕЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА ЗА ДА ОДИ В ЗАТВОР И ДА СЕ ОДВИКНЕ ОД АЛКОХОЛ

    29-ГОДИШНИК ОД МАКЕДОНИЈА КРАДЕЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА ЗА ДА ОДИ В ЗАТВОР И ДА СЕ ОДВИКНЕ ОД АЛКОХОЛСудот го осудил на пет години затвор, му изрекол парични казни и надомест на штета од околу 79.000 швајцарски франци и му забранил влез во Швајцарија во период од 10 години по издржувањето на казната. (Фото: Аргауер цајтунг)

    Дваесетидеветгодишен маж од Македонија е осуден на пет години затвор откако во 2024 ограбил супермаркет „Волг“ во Волен и двапати таргетирал златарница во Аарау. Во април влегол во продавницата вооружен со воздушен пиштол, ѝ се заканил на касиерката и избегал со речиси 1.500 швајцарски франци. Неколку месеци подоцна ограбил златарница во Аарау, најпрво украл околу 500 франци од касата, а неколку дена подоцна со чекан скршил витрина и одзел накит вреден околу 21.000 франци. Полицијата го уапсила по дојава, по неуспешна потрага.

    Случајот бил разгледан во забрзана постапка пред Окружниот суд во Бремгартен, каде обвинетиот, признал и бројни други кривични дела, меѓу кои кражби, нарушување на имот, обиди за провали во продавници „Алди“, закани кон службени лица и возење велосипед во алкохолизирана состојба. Објаснувајќи го мотивот, тој изјавил:

    „Во тоа време бев алкохоличар и очајно сакав да одам во затвор за да се одвикнам“. Кога судијата го прашал дали знаел дека постојат рехабилитациски клиники, одговорил: „Но јас апсолутно сакав да одам во затвор“.

    За време на рочиштето, тој не покажал каење. На прашањето: „Дали бевте свесни за влијанието што вашите постапки го имаа врз жртвите?“, тој одговорил: „Не чувствував дека некому му се заканувам… Останатото не ми беше важно“.

    Судот го осудил на пет години затвор, му изрекол парични казни и надомест на штета од околу 79.000 швајцарски франци и му забранил влез во Швајцарија во период од 10 години по издржувањето на казната.

    Претседавачкиот судија заклучил: „Ретко сме доживеале ваков случај. Едноставно не ви беше грижа за ништо. Само сакавте да го остварите вашиот план“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира