30 ПОЖАРНИКАРИ ЗАГИНАА ВО КОЛАПС НА ОПОЖАРЕНА ЗГРАДА ВО ТЕХЕРАН

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Техеран,(АП)

    30 ПОЖАРНИКАРИ ЗАГИНАА ВО КОЛАПС НА ОПОЖАРЕНА ЗГРАДА ВО ТЕХЕРАН

    Висококатница во Техеран зафатена од пожар се сруши денеска, убивајќи најмалку 30 пожарникари, а повредени се други 75 луѓе, јавија државните ирански медиуми. Властите не објавија конечна бројка на настрадани, што е честа појава додека се уште траат спасувачките напори.

    „Пласко“, зградата што се сруши е една од најпознатите во централен Техеран, која се наоѓа блиску до главниот пазар во престолнината. Пожарникари, војници и спасувачки тимови копаат низ урнатините во потрага по преживеани.

    Пожарникарите се бореа со огнот неколку часа пред да се урне зградата. Полицијата се обидуваше да ги спречи цивилите да се вратат во зградата за да си ги земат личните предмети и градоначалникот на Техеран Мохамед Багер Галибаф кажа дека нема цивили заглавени под урнатините, но очевидци велат дека некои луѓе успеале да се протнат низ полицискиот кордон и да влезат во зградата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира