300.000 АМЕРИКАНЦИ ЌЕ ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19 ДО ДЕКЕМВРИ, 70.000 ЖИВОТИ ЌЕ СЕ СПАСАТ АКО СЕ НОСИ МАСКА, ПРЕДВИДУВА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ВАШИНГТОН

    300.000 АМЕРИКАНЦИ ЌЕ ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19 ДО ДЕКЕМВРИ, 70.000 ЖИВОТИ ЌЕ СЕ СПАСАТ АКО СЕ НОСИ МАСКА, ПРЕДВИДУВА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ВАШИНГТОНВо САД од ковид-19 досега починале над 159.000 луѓе, најмногу во светот, од скоро 4,9 милиони позитивни случаи. (Фото: Ројтерс)

    Скоро 300.000 Американци би можеле да починат од ковид-19 до 1 декември, предвидуваат здравствените експерти од Универзитетот во Вашингтон, иако велат дека 70.000 животи би можеле да бидат спасени ако доследно се носат маски. Најновите предвидувања на Институтот за здравствени метрика и евалуација на Универзитетот доаѓаат во моментот кога врвните советници за заразни болести во Белата куќа предупредуваат дека во поголемите градови во САД би можело да избувнат нови жаришта на коронавирус, ако властите не се преземат контра-мерки.

    „Гледаме ролеркостер во САД. Се чини дека луѓето почесто носат маски и почитуваат социјално растојание како што заразата се зголемува, потоа по некое време заразата паѓа, па се попушта со претпазливоста“, вели д-р Кристофер Мареј, директор на Институтот, во ревидираната прогноза на Универзитетот.

    Во САД од ковид-19 досега починале над 159.000 луѓе, најмногу во светот, од скоро 4,9 милиони позитивни случаи.

    По избувнувањето, заразата во САД чиј центар на почетокот беше во густо населениот Њујорк, набргу се прошири низ целата земја. Експертите веруваат дека ширењето делумно е последица и од патувањата за време на летниот одмор.

    „Ова е индикатор на престојни проблеми“, рече д-р Ентони Фаучи, највисок државен функционер за контрола на заразни болести во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира