36 ЗАГИНАТИ И 147 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА ТУРСКИОТ АЕРОДРОМ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:366:"Вопонеделникот,денпреднападот,американскиотСтејтдепартментиздадепредупредувањесосоветизаамериканскитедржавјанидабидатпретпазливипорадиопасностаодтерористичкизаканивоТурција";s:9:"td_source";s:48:"Истанбул(различниизвори)

    36 ЗАГИНАТИ И 147 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА ТУРСКИОТ АЕРОДРОМ

    Бомбаши самоубијци, вооружени со бомби и калашникови го нападнаа најголемиот турски аеродром во вторник навечер, при што има најмалку 36 загинати и 147 повредени. Ова е бројката што ноќеска по полноќ ја соопшти турскиот премиер Бинали Јилдирим.

    Ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за нападот. САД изјавијал дека терористичкиот чин има печат на акција на ИСИС.

    Гувернерот на Истанбул Васип Сахин изјавил за турските медиуми дека во нападот учествувале тројца бомбаши самоубијци. Агенцијата АП доцна синоќа јави дека можеби имало и четири напаѓачи и споменуваше бројка од речиси 50 мртви.

    Според службени лица, полицијата пукала кон двајца сомнителни напаѓачи во влезниот дел на терминалот за меѓународни пристигнувања, со цел да ги спречи да стигнат до контролниот пункт за безбедносни проверки. Потоа, двајцата сомнителни ги активирале бомбите и се разнеле.

    Си Ен Ен Турк објави дека еден бомбаш се разнел во зградата, додека другиот го активирал експлозивот на паркингот пред терминалот. На една снимка од сигурносните камери се гледа како напаѓачот трча низ зградата и пука кон кого ќе стигне, по што најверојатно погоден паѓа на подот и по извесно време се разнесува.

    „Се надевам дека нападот на аеродромот Ататурк ќе биде пресвртна точка во светот, особено за западните земји, за заедничка битка против терористичките организации“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Синоќа, авионот од Скопје, на редовната линија на Туркиш ерлајнс за Истанбул, поради терористичкиот напад беше пренасочен кон Измир, каде што слета околу полноќ по локално време.

    Аеродромот „Ататурк“, кој е менаџиран од компанијата „Тав“, што е концесионер и на македонските аеродроми во Скопје и Охрид со 60 милиони патници во 2015 година е на трето место во Европа и единаесетти во светот.

    Само ден пред терористичкиит напад, во понеделникот, американскиот Стејт департмент на официјалната веб страница издаде обновено предупредување со совети за американските државјани да бидат претпазиливи поради опасноста од терористички закани во Турција.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари