40 МРТВИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВРЗ ЏАМИИ ВО НОВ ЗЕЛАНД

    40 МРТВИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВРЗ ЏАМИИ ВО НОВ ЗЕЛАНДТројца мажи и една жена се уапсени по нападите врз две џамии во Крајстчрч, но полицијата предупреди дека можно е повеќемина осомничени да се уште на слобода (Фото: АП)

    Четириесет луѓе се убиени, а над 20-мина се тешко повредени во пукотниците во две џамии полни со верници на петочна молитва во Крајстчрч, Нов Зеланд. Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн рече дека инцидентите се терористички напад, еден од „најцрните денови“ во земјата.

    Тројца мажи и една жена се уапсени, но полицијата предупреди дека можно е повеќемина осомничени да се уште на слобода. Полицијата деактивирала и експлозивни направи, а се смета дека нападот бил темелно планиран. Надлежните не објавија детали за уапсените, но еден од напаѓачите оставил антиимигрантски манифест на 74 странци, во кој објаснува кој е тој и зошто така постаппува. Тој вели дека има 28 години и дека е белец Австралиец.

    Австралискиот премиер Скот Морисон рече дека еден од уапсените е Австралиец, за кого кажа дека е „екстремено десничарски насилен терорист“.

    Нападот ја шокираше земјата со 5 милиони жители.

    Ардерн алудираше дека можен мотив за нападот е антиимигрантското чувство и рече дека е можно многу од загинатите да се мигранти или бегалци.

    „Тие ги избрале Нов Зеланд за свој дом, и ова е нивни дом. Тие се наши. Лицето кое го изврши ова насилство врз нас не е наш“, рече премиерката.

    Едната џамија е во центарот на Крајстчрч и тука се убиени 30-мина, а другата е во предградие, каде загинале 7-мина внатре и тројца пред објектот. Напаѓачите пукале прво во просторијата каде молитва имале мажите, а потоа и во просторијата со жени. Полицијата истакна дека состојбата е сè уште критична и бројот на жртвите не е конечен.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари