5 МРТВИ И НАД 20 РАНЕТИ ВО ПУКАЊЕ ВО КАФУЛЕ ВО ЗРЕЊАНИН

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Зрењанин,(разниизвори)

    5 МРТВИ И НАД 20 РАНЕТИ ВО ПУКАЊЕ ВО КАФУЛЕ ВО ЗРЕЊАНИН

    Пет лица загинаа и над 20 беа повредени ноќеска во српското село Житиште, близу Зрењанин, откако 38-годишниот Синиша Златиќ влегол во кафулето „Макијато“ и пукал во гостите со автоматско оружје.
    Сведоци за српските медиуми велат дека напаѓачот влегол во кафулето и ја видел својата сопруга со група пријатели, по што отишол дома и се вратил наоружан. Првин ја убил сопругата и уште една жена, а потоа почнал да пука по останатите гости во кафулето. Масакрот прекинал, откако еден од гостите успеал да му го земе калашниковот.
    Полицијата соопшти дека осомничениот е уапсен на лице место и останува во притвор.
    „Само ја извади пушката и почна да пука, првин во воздух. Звучеше како петарди. Потоа, човекот до мене падна и други почнаа да паѓаат. Беше целосен хаос“, вели сведокот Светозар Манојловиќ.
    Мотивите за маскарот засега не се познати, но министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој утрово пристигна во Житиште, верува дека се работи за љубомора.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари