52 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗА ВО ЊУЈОРК, МОСКВА И БЕРЛИН

    52 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗА ВО ЊУЈОРК, МОСКВА И БЕРЛИННиз светот досега има повеќе од 90.000 заразени, од кои 90% се во Кина (Фото: АП)

    Осумнаесет луѓе починаа од коронавирусот во Италија во последните 24 часа, со што вкупната бројка порасна на 52, додека 1.835 се заразени.

    Сенегал, Саудиска Арабија, Тунис, Јордан, Чешка, Португалија, Исланд, Индонезија, Малезија, Андора и Ерменија се новите земји кои пријавија појава на КОВИД-19. Тој првпат е регистриран и во Њујорк, Москва и Берлин.

    Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека светот се наоѓа на непозната територија кога е во прашање вирусот.

    „Лекарите никогаш досега немаат видено респираторен патоген способен така да се шири. Сепак, сѐ уште можеме да го потиснеме. Немаме друг избор освен веднаш да дејствуваме“, изјави шефот на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Најголема загриженост постои во Јужна Кореја, Јапонија, Иран и Италија, додека осум држави немаат пријавено нов случај веќе две недели, успевајќи да спречат натамошно ширење.

    Низ светот досега има повеќе од 90.000 заразени, од кои 90% се во Кина и над 3.000 починати. Од речиси 8.800 случаи надвор од Кина, 80% се во Иран, Јапонија, Јужна Кореја и Италија. Во Иран досега има 66 починати, вклучувајќи и советник на врховниот водач Али Хаменеи и еден парламентарец.

    Во САД, коронавирусот се појавил во пет сојузни држави, а има и двајца починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира