64 ЧЛЕНОВИ НА СЛАВНИОТ АНСАМБЛ АЛЕКСАНДРОВ ЗАГИНАА ВО НЕСРEЌАТА НА РУСКИОТ ВОЕН АВИОН

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Русија,(разниизвори)

    64 ЧЛЕНОВИ НА СЛАВНИОТ АНСАМБЛ АЛЕКСАНДРОВ ЗАГИНАА ВО НЕСРEЌАТА НА РУСКИОТ ВОЕН АВИОН

     

    Меѓу 92-те жртви во рускиот воен авион што се урна утрово во Црното море на пат за Сирија, се и 64 членови на славниот Ансамблот Александров, официјалната музичка група на армијата, меѓународно позната како Хорот на Црвената армија. Валери В. Халилов, уметничкиот директор на ансамблот исто така бил во авионот, според листата на патници.

    Формиран во советската ера, Ансамблот Александров, кој веќе еднаш настапи во Сирија годинава, се состои од оркестар, хор и танцова група, и е еден од двата руски оркестри кои имаат дозвола да ја коростат титулата „Хор на Црвената армија“.

    Ансамблот е формиран од Александр В. Александров, истакнат советски композитор и автор на музиката за руската химна, а неговиот внук Евгениј за Медуза, рускиот новински вебсајт, изјави дека „загинаа најдобрите членови на ансамблот“.

    „Сите најдобри солисти, целиот хор. Сега сѐ ќе пропадне, најдобрите ги нема“, рече тој.

    Ансамблот има репертоар од околу 2.000 дела, а изборот се прави во зависност од концертот. Според еден од поранешните директори, ансамблот има правило во секоја земја да изведе по 2-3 локални песни на локалниот јазик на луѓето кои таму живеат, затоа што „тоа за нас е своевиден музички подарок, да ги чествуваме земјата домаќин и нејзините жители“.

    Во 1993 ансамблот стана дел од поп културата со заедничките концерти со финската група „Ленинград каубојс“ во Хелсинки и пред 70.000 публика во Берлин

    Во 1993 ансамблот стана дел од поп културата со заедничките концерти со финската група „Ленинград каубојс“ во Хелсинки и пред 70.000 публика во Берлин

    Во 1993 ансамблот стана дел од поп културата со заедничките концерти со финската група „Ленинград каубојс“ во Хелсинки и пред 70.000 публика во Берлин. За финскиот концерт е снимен документарецот „Тотал балалајка шоу“ од славниот фински режисер Аки Каурисмаки. Во 1994, ансамблот заедно со финската група настапија и на Ем-Ти-Ви наградите.

    Неколку независни руски медиуми објавија дека Ансамблот Александров планирал да одржи концерт во опколениот сириски град Алеп, за кој во четвртокот сириската власт соопшти дека е ослободен.

    Во мај, руската војска однесе симфониски оркестар под водство на еден од најпознатите диригенти, Валери Гергиев, за да го одбележи заземањето на Палмира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира