662 НОВИ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, ДРАМАТИЧЕН ПОРАСТ НА БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ, СКОРО ИЛЈАДА ПОВЕЌЕ ОД ВЧЕРА

    662 НОВИ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, ДРАМАТИЧЕН ПОРАСТ НА БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ, СКОРО ИЛЈАДА ПОВЕЌЕ ОД ВЧЕРАКовчези со починати од КОВИД-19 се товарат во воен камион во Ферара (Фото: ЕПА)

    Италија втор ден по ред бележи благ пад на бројката починати од КОВИД-19, додека вкупната бројка надмина 8.000.

    Во последните 24 часа, коронавирусот однесол 662 животи во земјата, 21 помалку од вчера, со што вкупната бројка сега изнесува 8.165.

    Откако бројката беше во пад четири дена по ред, сега се регистрирани 6.153 новозаразени, речиси илјада повеќе во однос на вчера. Од нив, дури 2.500 се во Ломбардија, која е најтешко погоден регион од почетокот на кризата.

    „Не знам дали сме стигнале до врвот на ширењето на заразата, но можам да кажам дека, лично, многу сум загрижен. Имаме над 2.500 новозаразени и тоа е нешто повеќе отколку во претходните денови“, изјави претседателот на Ломбардија, Атилио Фонтана.

    Во Италија досега има 80.539 случаи на коронавирус, од кои над 10.000 заздравиле.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари