Група врвни светски експерти во науката, медицината и економијата вчера застанаа зад Хилари Клинтон, ја поддржаа кандидатката на Демократската партија за претседателка на САД со став дека нејзиниот избор е клучен за одбрана на слободата и зачувување на уставната власт.
Моќната поддршка дојде со писмо потпишано од 70 нобеловци од различни области, во кое велат дека Клинтон е кандидатка која најдобро ја разбира важноста од инвестирање во наука и технологија во време кога светот се соочува со предизвици на неколку форнтови. Во писмото не се споменува Доналд Трамп, но се сугерира дека политиките во кои се покажува недостиг на почит кон научното знаење може да ги оштетат престижот и државната безбедност на Америка.
Трамп има изјавено дека глобалното затоплување е „лажга“ што ја измислила Кина.
Фактот дека нобеловци ја поддржуваат Клинтон не е изненадување, зашто научниците во голема мера ја поддржуваат Демократската партија. Во 2012, 68 нобеловци го поддржаа претседателот Обама во трката со Мит Ромни, а 4 години претходно 76 нобеловци го поддржаа Обама против сенаторот Џон Мекејн.
Оваа година, групата нобеловци истакна дека влогот во овие избори е особено висок.
„Престојните претседателски изброи ќе имаат длабоки последици за иднината на нашата земја и на светот“, напишаа тие во писмото.