9 МРТВИ И 16 ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО КОМБЕ ВЛЕТА ВО ПЕШАЦИ ВО ТОРОНТО

    9 МРТВИ И 16 ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО КОМБЕ ВЛЕТА ВО ПЕШАЦИ ВО ТОРОНТОКомбето од инцидентот во кој загинаа 9 луѓе и 16 се повредени. (Фото: Ситињуз)

    Девет луѓе загинаа и 16 се повредени откако маж влета со комбе во пешаци во Торонто, соопшти полицијата. Возачот избега од местото на злосторството на прометна крстосница во канадскиот град, но беше уапсен неколку блока подалеку и однесен во притвор. Властите велат дека сè уште немаат утврдено мотив за инцидентот.

    На неколку видеа од апсењето изгледа како возачот да им покажува нешто на полицајците пред биде уапсен. Заменик началникот на полицијата во Торонто Питер Јуен кажа дека го истражуваат осомничениот и апелираше да се пријават сведоци на инцидентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира