90-ГОДИШНА ЖЕНА ОД СЕВЕРНА ИРСКА ПРВА ПРИМИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ОТКАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОЧНА СО ИМУНИЗАЦИЈАТА

    90-ГОДИШНА ЖЕНА ОД СЕВЕРНА ИРСКА ПРВА ПРИМИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ОТКАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОЧНА СО ИМУНИЗАЦИЈАТАМаргарет Кинан следната недела ќе наполни 91 година и кажа дека ова ѝ е најдобриот роденденски подарок (Фото: ПА)

    Деведесетгодишна жена од Енискилен во Северна Ирска е првиот човек на светот кој примил вакцина против ковид-19 надвор од тестирањата, откако Велика Британија денеска ја почна масовната програма на вакцинирање, што беше наречено Денот В. Маргарет Кинан, која следната недела ќе наполни 91 година, кажа дека ова ѝ е најдобриот роденденски подарок.

    Во центрите низ земјата прво ќе се вакцинираат лица над 80 години и некои здравствени работници и вработени во старечки домови. Тие ќе ја примат вакцината што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“, која на тестирањата покажала 95-процентна ефективност.

    Кинан ја примила вакцината во Универзитетската болница во англискиот град Ковентри.

    „Се чувствувам привилегирано што сум првата личност која се вакцинира против ковид-19. Ова е најдобриот роденденски подарок што можев да го посакам и значи дека во новата година ќе можам да поминам малку време со семејството и пријателите, откако речиси цела година бев сама“, изјави Кинан.

    Велика Британија е прва земја на светот која одобри вакцина против ковид-19 и до крајот на годината се очекува да бидат вакцинирани околу 400.000 луѓе.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира