96% БРИТАНЦИ ВАКЦИНИРАНИ СО „ФАЈЗЕР“ ИЛИ „АСТРАЗЕНЕКА“ РАЗВИЛЕ АНТИТЕЛА ПО САМО ЕДНА ДОЗА

    96% БРИТАНЦИ ВАКЦИНИРАНИ СО „ФАЈЗЕР“ ИЛИ „АСТРАЗЕНЕКА“ РАЗВИЛЕ АНТИТЕЛА ПО САМО ЕДНА ДОЗАВелика Британија прва на светот почна со имунизацијата против ковид-19 (Фото: Шатерсток)

    Повеќе од 90% Британци развиле антитела по само една доза од ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ или „АстраЗенека“, а речиси 100% по примањето на две дози, покажа нова студија. Истражувањето, во кое учествувале 8.517 луѓе од Англија и Велс, е последниот доказ дека вакцините се високо делотворни.

    96,42% луѓе кои се вакцинирале со некоја од овие две вакцини развиле антитела 28 до 34 дена по примањето на првата доза. Тоа пораснало до 99,08% во рок од седум до 14 дена по примањето на втората доза.

    „Двете вакцини се еднакво добри во поттикнувањето на антитела потребни за борба против ковид-19. Ова е едно од најраните истражувања за дејството на вакцините во реалниот свет и вестите се фантастични“, изјави Меди Шротри, главната авторка на документот во кој е објавено истражувањето.

    Никој од учесниците во истражувањето, чија просечна возраст била 65 години, немал антитела од порано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира