96-ГОДИШНА БИВША СЕКРЕТАРКА ВО НАЦИСТИЧКИ ЛОГОР ИЗБЕГА ПРЕД ДА ПОЧНЕ СУДЕЊЕТО ВО ГЕРМАНИЈА

    96-ГОДИШНА БИВША СЕКРЕТАРКА ВО НАЦИСТИЧКИ ЛОГОР ИЗБЕГА ПРЕД ДА ПОЧНЕ СУДЕЊЕТО ВО ГЕРМАНИЈАПред да почне судењето, судијата ја прогласи Ирмгард Фирхнер за бегалка (Фото: ЕПА)

    Германски суд издаде потерница по 96-годишната Ирмгард Фирхнер, против која денеска требаше да почне судски процес за соучесништво во убиствата на 11.000 луѓе во Втората светска војна.

    Фирхнер била секретарка во нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф и денеска требаше да се појави во судот во северниот град Ицехо. Место тоа, таа исчезнала од нејзиниот старечки дом, оддалечен половина час возење.

    „Таа зела такси“, изјави портпаролката на судот.

    Се верува дека Фирхнер потоа отпатувала со метро до предградие на Хамбург. Судијата Доминик Грос изјави дека таа сега се смета за бегалка.

    Случајот со Ирмгард Фирхнер се смета за преседан зашто таа била цивилен работник во Штутхоф. Две години работела како дактилографка во канцеларијата на командантот на логорот, Паул-Вернер Хопе. На судењето во 1954, Фирхнер признала дека Хопе ѝ диктирал пораки, но дека не знаела ништо за убиствата во логорот, низ кој поминале 100.000 луѓе, од кои 65.000 биле убиени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира