АБУ БАКР АЛ-БАГДАДИ Е МРТОВ, ОБЈАВИ ДОНАЛД ТРАМП

    АБУ БАКР АЛ-БАГДАДИ Е МРТОВ, ОБЈАВИ ДОНАЛД ТРАМПАл-Багдади беше најбараниот човек на светот и беше уценет на 25 милиони долари (Фото: АП)

    Абу Бакр ал-Багдади е мртов, објави Доналд Трамп откако американската војска ноќеска спроведе операција во северозападна Сирија.

    „Резултатите од тестовите се јасни и недвосмислени: тоа беше тој. Багдади умрел плачејќи и врескајќи откако влегол во тунел без излез. Тој активирал самоубиствен прслук, убивајќи и три свои деца“, изјави Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа.

    Лидерот на Исламска држава важеше за најбаран човек на светот и САД го уценија на 25 милиони долари.

    Трамп кажа дека САД неколку недели го следеле Багдади и дека операцијата била спроведена во соработка со Русија, Ирак, Турција, Сирија и сириските Курди.

    „Тоа беше храбра ноќна акција. Ниту еден американски војник не загина во операцијата, но убиени се и неколкумина следбеници на Багдади“, рече Трамп.

    Ал-Багдади е роден како Ибраим Авад ал-Бадри во 1971 во близина на Самара, Ирак. На ирачката ал-Каеда ѝ се придружил во 2005 и подоцна ја ставил под своја контрола. По избивањето на граѓанската војна во Сирија, тој креираше екстремистичка група и во оваа земја, позната под името Нусра фронт, по што почна да го остварува својот план за возобновување на средновековната Исламска држава или калифат, што беше прогласен во јуни 2014 во Мосул. Тогаш прв и последен пат се појави во јавност.

    Иако веќе некое време важеше само за симболична фигура на глобалната терористичка мрежа, неговото фаќање се сметаше за исклучително важно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира