„АДРИЈА ЕРВЕЈС“ ГИ ОТКАЖА СИТЕ ЛЕТОВИ ДЕНЕСКА И УТРЕ

    „АДРИЈА ЕРВЕЈС“ ГИ ОТКАЖА СИТЕ ЛЕТОВИ ДЕНЕСКА И УТРЕИзминативе неколку дена, на „Адрија Ервејс“ ѝ беа запленети три авиони поради неплатени фактури за нивно изнајмување. - Ербас А319 на „Адрија Ервејс“ (Фото: Ерлајнерс)

    Словенечката авиокомпанија „Адрија Ервејс“ привремено ги прекинува летовите. Како што соопшти компанијата, сите летови во вторник и среда се откажани и нејасно е што ќе се случи со летовите на „Адрија Ервејс“ по дводневниот прекин. „Адрија Ервејс“ има летови двапати дневно на релацијата Скопје-Љубљана.

    Од авиокомпанијата велат дека биле принудени на ваков чекор поради недостиг на пари. Изминативе неколку дена, на „Адрија Ервејс“ ѝ беа запленети три авиони поради неплатени фактури за нивно изнајмување. Менаџментот на авиокомпанијата вели дека им се потребни 4 милиони евра за да преживеат, но словенечката влада јавно одби да помогне финансиски. „Адрија Ервејс“ соопшти дека се во тек преговори со стратешки партнери и дека ситуацијата може брзо да се промени.

    Сопственик на „Адрија Ервејс“ е германскиот фонд „4К Инвест“, откако во 2016 година ги откупи акциите од словенечката влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира