АДВОКАТИ СЕ НУДАТ БЕСПЛАТНО ДА ГИ БРАНАТ ЖЕНИТЕ КОИ ГО ОБВИНИЈА ТРАМП ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Њујорк,(Вокс)

    АДВОКАТИ СЕ НУДАТ БЕСПЛАТНО ДА ГИ БРАНАТ ЖЕНИТЕ КОИ ГО ОБВИНИЈА ТРАМП ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД

    Во она што требаше да биде говор за неговиот план за првите 100 дена како претседател, единствениот нов предлог на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп беше ветувањето дека ќе ги тужи жените кои го обвинија за сексуален напад.

    Но, како одговор, некои од најпознатите адвокати, специјализирани за слобода на говор, се понудија за беспари да ги бранат жените кои го обвинија Трамп.

    Тед Бутрос од адвокатската фирма „Гибсон Дан” и професорот од Харвард Лоренс Трајб ги понудија своите услуги јавно преку социјалните мрежи, а Бутрос вели дека има и други заинтересирани да им се приклучат.

    Тужењето на сите жени кои го обвинија Трамп ќе им отвори многу работа на неговите адвокати, бидејќи досега има 14 жени, кои тврдат дека Трамп ги допирал непристојно, ги бакнувал или ги нападнал сексуално.

    Сепак, Трамп нема да има проблем со тоа, бидејќи досега бил вклучен во 3.500 судски спорови, дури и за банални работи како висина на јарбол. Иако не секогаш ги остварува неговите закани за тужба, секогаш има големи шанси дека ќе ги реализира заканите. Тоа значи дека говорот на Трамп беше моќна тактика на заплашување против секоја жена која размислува дали да излезе во јавност со обвинување, бидејќи ќе се соочи со долга и скапа правна битка со Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира