АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈГОЛЕМАТА ЛОГИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА И ИСПОРАКА НА МИЛИОНИ ВАКЦИНИ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ

    АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈГОЛЕМАТА ЛОГИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА И ИСПОРАКА НА МИЛИОНИ ВАКЦИНИ НИЗ ЦЕЛ СВЕТФранкфурт е најголемиот европски центар за транспорт на фармацевтски производи и располага со со 12.000 квадратни метри складишта (Фото: АФП)

    Додека се ближи одобрувањето на неколку вакцини против ковид-19, аеродромот во Франкфурт се подготвува за досега невиден логистички предизвик и транспорт на милиони дози. Франкфурт е најголемиот европски центар за транспорт на фармацевтски производи и ќе игра клучна улога во имунизацијата на милиони луѓе.

    „Стресот се зголемува како што влегуваме во ‘жешката‘ фаза. Воспоставени се процеси и се чувствуваме добро подготвени“, изјави Карин Крештан, оперативната директорка на „Луфтханза карго“.

    Товарниот терминал на франкфуртскиот аеродром работи без прекин откако почна пандемијата, испорачувајќи лекови, заштитна и хируршка опрема и друг медицински материјал. Низ неговиот огромен хангар со строго контролирана температура поминале 120.000 тони вакцини, лекови и други фармацевтски производи во 2019 година. Терминалот располага со 12.000 квадратни метри складишта, опремени за чување лекови.

    „Аеродромот има 2.000 квадратни метри ладилници, со температури меѓу два и осум Целзиусови степени, што е идеално за чување вакцини“, вели Крештан.

    Некои вакцини, како онаа на Оксфорд, може да се чуваат во обични ладилници, но вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“ мора да се одржува на температура од -70 степени, што ќе бара контејнери со големина на автомобил кои користат сув мраз. Тие издржуваат 120 часови без снабдување со струја, што е доволно вакцините да стигнат до најоддалечените дестинации.

    Според истражување на компанијата за експресна пошта „ДХЛ“, ќе бидат потребни 15.000 летови за да се испорачаат 10 милијарди вакцини.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира