АЈА СОФИЈА ЌЕ СТАНЕ ЏАМИЈА – СУДОТ ВО ТУРЦИЈА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА ЕРДОГАН

    АЈА СОФИЈА ЌЕ СТАНЕ ЏАМИЈА – СУДОТ ВО ТУРЦИЈА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА ЕРДОГАНАја Софија е светско културно наследство заштитено од УНЕСКО. (Фото: Би-Би-Си)

    Турскиот суд го прифати барањето на  претседателот Реџеп Таип Ердоган и го поништи статусот на музеј на Аја Софија во Истанбул, една од најатрактивните светски туристички дестинации, и дозволи да стане џамија.

    Овој потег се смета за контроверзен, со оглед на тоа дека 1.500 години старата Аја Софија, првично била основана како црква, а за време на Отоманската империја била џамија. Музеј станува во 1934.

    Аја Софија е светско културно наследство заштитено од УНЕСКО, од каде ја предупредија Турција да не го менува статусот без дискусии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира