„АКО МОЖЕШ ДА ЈА ИЗНАЈМИШ ВЕНЕЦИЈА ЗА СВАДБАТА, МОЖЕШ ДА ПЛАТИШ ПОГОЛЕМ ДАНОК“, И ГРИНПИС СЕ ПРИДРУЖИ НА ВЕНЕЦИСКИТЕ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ЏЕФ БЕЗОС

    „АКО МОЖЕШ ДА ЈА ИЗНАЈМИШ ВЕНЕЦИЈА ЗА СВАДБАТА, МОЖЕШ ДА ПЛАТИШ ПОГОЛЕМ ДАНОК“, И ГРИНПИС СЕ ПРИДРУЖИ НА ВЕНЕЦИСКИТЕ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ЏЕФ БЕЗОСДенеска, двете групи развија џиновски транспарент на венецискиот плоштад Свети Марко на кој пишува: „Ако можеше да ја изнајмиш Венеција за твојата свадба, можеш да платиш поголем данок“. (Фото: Гринпис)

    Гринпис и британскиот колектив „Сите го мразат Елон“ им се придружија на протестите во Венеција, обидувајќи се да ги нарушат, или дури и да ja спречат планиранata свадбa на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, и новинарката, пилотка и претприемачка, добитничка на Еми, Лорен Санчез, оваа недела. Денеска, двете групи развија џиновски транспарент на иконскиот плоштад Свети Марко во Венеција на кој пишува: „Ако можеш да ја изнајмиш Венеција за твојата свадба, можеш да платиш поголем данок“.

    „Џеф Безос е вториот најбогат човек во светот, но се вели дека плаќа вистинска даночна стапка од 1,1%“, рекоа двете групи во заедничко соопштение. „Свадбата од повеќе милиони долари наводно се одржува во текот на три дена, а само венчалниот прстен вреди дури 5 милиони долари“.

    Портпарол на „Сите го мразат Елон“ рече: „Додека владите зборуваат за тешки избори и се борат да финансираат јавни услуги, Џеф Безос може да си дозволи да затвори половина град со денови само за да се ожени“.

    Подготовките за тридневните свадбени прослави – кои се очекува да се одржат од 26 до 28 јуни – ги разгневија активистите кои тврдат дека Венеција станува игралиште за богатите на штета на нејзините жители.

    Во меѓувреме, градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, и регионалниот гувернер Лука Заја се изјаснија во прилог на свадбата, која е наречена „свадба на векот“, истакнувајќи дека се очекува прославите да донесат 20-30 милиони евра за локалните бизниси.

    „Ова е град кој прима 150.000 луѓе дневно. Џорџ Клуни, Франсоа-Анри Пино и Салма Хајек, Александар Арно, Елтон Џон и многу други се венчаа тука“, изјави Заја за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

    Безос, исто така, вети дека ќе значително ќе донира за добротворни цели, вклучително и 1 милион евра за „Корила“ – академски конзорциум посветен на проучување на екосистемот на лагуните во Венеција – според „Кориере дела сера“ и италијанската новинска агенција АНСА.

    Претходно овој месец, транспаренти против Безос беа закачени во Венеција од кулата Свети Марко на кои беше испишано „Безос“ со големи сини букви и црвен X над него, како дел од кампањата „Нема простор за Безос“, игра на зборови што алудирана вселенски летови „Блу Ориџин“ на Безос.

    Околу 200 гости се поканети на свадбата Безос-Санчез, меѓу кои Ким Кардашијан, Крис Џенер, Кети Пери и Ева Лонгорија, Опра Винфри, Мик Џегер и Иванка Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира