АКО НЕ ЈА ДОБИЕМЕ ВЕТЕНАТА МУНИЦИЈА, РУСКИТЕ ЛИНИИ КАЈ БАХМУТ ЌЕ СЕ РАСПАДНАТ, ВЕЛИ ШЕФОТ НА „ВАГНЕР“

    АКО НЕ ЈА ДОБИЕМЕ ВЕТЕНАТА МУНИЦИЈА, РУСКИТЕ ЛИНИИ КАЈ БАХМУТ ЌЕ СЕ РАСПАДНАТ, ВЕЛИ ШЕФОТ НА „ВАГНЕР“Украинската војска кажа дека во последните 24 часа одбила 95 руски напади во областа на Бахмут (Фото: Гети)

    Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгени Пригожин, изјави дека руските позиции околу Бахмут ќе бидат сериозно загрозени ако неговите трупи не добијат муниција, што е последен знак за тензии помеѓу него и Кремљ. Исто така, украински воени функционери и аналитичари известија дека заповедниците на руската 155. бригада ги одбиле наредбите одново да го нападнат Вухледар, откако претходно претрпеле тешки порази таму.

    Руските линии кај Бахмут би можеле да се распаднат ако моите борци не ја добијат муницијата што им беше ветена минатиот месец. Се обидуваме да најдеме причина за тоа, дали е бирократија или предавство“, кажа Пригожин.

    Тој редовно го критикува водството на руската војска, а минатиот месец го обвини министерот за одбрана Шојгу за предавство зашто се спречува доставата на муниција за борците на „Вагнер“, кои играат клучна улога во повеќемесечната опсада на Бахмут.

    Се плашам дека моите војници ќе станат жртвено јагне ако Русија ја изгуби војната. Ако ‘Вагнер‘ сега се повлече од Бахмут, целиот фронт ќе се распадне. Ситуацијата нема да биде убава за сите воени формации кои ги штитат руските интереси“, вели Пригожин во видео објавено на Телеграм.

    Володимир Назаренко, еден од украинските заповедници во Бахмут, изјави дека досега не добиле наредба за повлекување, иако одбраната се држи во тешки услови.

    Ситуацијата во и околу Бахмут наликува на пекол, како и на целиот источен фронт“, вели тој.

    Украинската војска кажа дека во последните 24 часа одбила 95 руски напади во областа на Бахмут.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира